Реакција на „Коалиција Менуваме“ на демантот на ЈСП: Детектиравме повеќе пропусти, недостасува и инклузивност кај дел од возачите

ЈСП
Градски автобуси на ЈСП / Фото: Драган Митрески

Коалиција Менуваме реагира на демантот на Јавното сообраќајно претпријатие од каде вчера посочија дека на ниту еден граѓанин не му е ускратено правото за јавен градски превоз. Од Коалицијата нагласуваат дека, меѓу другото, автобуските постојки не се прилагодени за граѓаните кој чекат автобус а камоли за лицата со попреченост.

– Коалицијата Менуваме е секојдневно присутна со нивните членови, асистенти семејства и други  засегнати страни врз база на направена евалуација за пропустите во Градот Скопје и јавниот превоз ги детектираше следните пропусти. Недостасува инклузивност во дел од возачите во ЈСП, автоматите за лица со општетен вид во автобусите не работат, не работат рампите за лицата со телесна попреченост и автобуските постојки не се прилагодени за граѓаните кои чекат автобус, а камоли за лицата со попреченост, наведуваат од Коалицијата.

Како организација ги нудат своите капацитети со цел да се надминат недостатоците кои се потреба на лицата со попреченост, а за таа цел е потребна заедничка соработка со Градот и ЈСП.

– Јавно ја повикуваме градоначалничката да закаже средба каде на истата ке ги достави и решенијата како што знае да каже градоначалничката за модерен град, потенцираат од Коалицијата.

Од ЈСП, пак, нагласија дека на ниту еден граѓанин не му е ускратено правото за јавен градски превоз.

– Јавното сообраќајно претпријатие Скопје е јавен сервис кој обезбедува градски превоз за сите граѓани и никогаш немало дискриминација, велат од ЈСП Скопје.

ЈСП: Градскиот превоз е за сите граѓани и нема одлука за некаква дискриминација

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот