Развиена е револуционерна технологија: Ешерихија коли произведува струја хранејќи се со отпад

Фото: Alexey Kotelnikov / Alamy / Alamy / Profimedia

Широко распространетата бактеријата Ешерихија коли сега може да се користи за производство на електрична енергија од отпадна вода, според истражувањето на тим научници од Федералниот политехнички универзитет во Лозана ЕПФЛ (EPFL), во Швајцарија, , пренесува „Еурекалерт“ (EurekAlert).

– Ја модифициравме Ешерихија коли, најпроучената бактерија, за да произведува струја. Иако има повеќе егзотични бактерии кои природно произведуваат електрична енергија, тие можат да го направат тоа во присуство на специфични хемикалии. Ешерихија коли може да расте во најразлични услови, што ни овозможува да произведуваме електрична енергија во широк спектар на средини, вклучително и отпадни води – рече професорот Ардемис Богозијан од ЕПФЛ.

Во една студија објавена во списанието „Жул“ (Joule), тимот на Богозијан го детализираше овој револуционерен потфат во биоелектрониката, каде што се зголемува способноста на вообичаената бактерија Ешерихија коли да произведува електрична енергија. Како што се наведува, ова е нов метод и може да го промени и начинот на складирање на отпадните води и начинот на производство на електрична енергија.

Ешерихија коли е изменета за да може да генерира електрична енергија преку процес познат како екстрацелуларен пренос на електрони или EET. Истражувачите ја модифицирале бактеријата за да има подобрена EET, правејќи ја високо ефикасна електрична бактерија. За разлика од претходните методи кои бараа употреба на специфични хемикалии за производство на електрична енергија, модифицираната Ешерихија коли може да произведе електрична енергија користејќи органска материја.

– Наместо да користиме енергија за преработка на органски отпад, ние генерираме електрична енергија додека истовремено го обработуваме отпадот – „убивајќи со еден куршум два зајака“! Дури ја тестиравме нашата технологија директно на отпадна вода што ја собиравме од локална пиварница. Егзотичните електрични бактерии не можеа да преживеат, додека нашите модифицирани електрични бактерии напредуваа хранејќи се со отпад – изјавил професорот Богозијан.

Како што наведуваат, придобивката од ова откритие може да биде голема, особено ако бактеријата се прилагоди на посебна средина. Тоа би претставувало уште една алатка во развојот на одржлива технологија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот