Разрешени двајца високи украински функционери за кибер-безбедност поради наводна проневера

Фото: ЕПА

Украинската Влада денеска разреши двајца високи функционери за кибер-безбедност поради истрагата за наводна проневера, информира висок владин претставник.

Владата го разреши Јуриј Шчихол, шефот на украинската служба за специјална заштита на комуникации и информации, како и неговиот заменик Виктор Жора, се наведува во соопштението на претставникот на Владата во Парламентот Тарас Мелничук, објавено на комуникациската платформа Телеграм.

Украина ги засилува напорите за борба против корупцијата бидејќи се обидува да стане членка на Европската Унија, при што борбата против корупцијата е клучен предуслов за почеток на преговорите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот