Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Од авторите на Слободен Печат
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Разменетиот руски затвореник Виктор Бут вели дека Западот сака да ја уништи Русија

Рускиот дилер на оружје, Виктор Бут, кој беше ослободен во размена на затвореници за американската кошаркарска ѕвезда Бритни Грајнер, денеска за руските медиуми изјави дека западните земји се обидуваат да ја „уништат” и „поделат” Русија, пренесоа француските медиуми.
„Западот верува дека не не довршија во 1990 година, кога Советскиот Сојуз почна да се распаѓа… Тие мислат дека можат само повторно да не уништат и да ја поделат Русија”, изјави тој за државниот канал „Раша Тудеј”.
Бут (55) беше ослободен вчера во размена на затвореници во Абу Даби за Грајнер, која беше затворена во Русија за поседување канабис.
Тој беше обвинет за вооружување на бунтовници во некои од најкрвавите конфликти во светот.
Бут во интервјуто вели дека не наишол на никаква „русофобија” меѓу другите затвореници, нагласувајќи дека дури тие воглавно имале „одредени симпатии кон Русија”.
Интервјуто со Бут го водеше Марија Бутина, пратеничка во Долниот дом на рускиот Парламент, која одлежа 15 месеци во американски затвор за незаконско дејствување како странски агент на Москва.
САД и Русија се договорија: Кошаркарката Грајнер разменета за трговецот со оружје Виктор Бут
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1час
-
1час
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5