Раз­лич­на хра­на од­го­ва­ра на раз­лич­ни ти­по­ви луѓе

Ве­ќе ил­ја­да го­ди­ни на­на­зад традицио­нал­на­та ки­нес­ка ме­дици­на го наб­љу­ду­ва чо­ве­ко­ви­от ор­га­ни­зам со фи­ло­зо­фи­ја од пет еле­менти. Ме­ѓу еле­мен­ти­те од кои е сод­ржа­на ки­нес­ка­та ме­дици­на и на­чи­ни на ле­ку­вање, по­чес­но мес­то за­зе­ма на­чи­нот на ис­хра­на со ко­ја лу­ѓе­то пре­ве­ни­ра­ат по­ја­ва на од­ре­де­ни за­бо­лу­вања, но и со раз­лич­ни­те ви­до­ви хра­на се оби­ду­ва­ат да се из­ле­ку­ваат.

Ток­му ис­хра­на­та ко­ја е ба­зи­ра­на на пет­те еле­мен­ти се сме­та де­ка мо­же да има ле­ко­ви­то и пре­вен­тив­но деј­ство, до­кол­ку по принци­пот на Јинг и Јанг се прис­по­со­би на раз­лич­ни­те ти­по­ви луѓе. Тоа во ни­кој слу­чај не зна­чи де­ка тре­ба да поч­не­те да ја­де­те ис­клу­чи­во ки­нес­ка храна, ту­ку де­ка тре­ба ва­ша­та се­кој­днев­на ис­хра­на умеш­но да ја при­ла­го­ди­те спре­ма пот­ре­бите, сè со цел да се чув­ству­ва­те по­доб­ро и да пре­ве­ни­ра­те по­ја­ва на од­ре­де­ни по­се­ри­оз­ни за­бо­лу­вања.

Во цик­лу­сот на еле­мен­тите

Во ки­нес­ка­та ме­дици­на чо­веч­ки­те ор­гани, бо­јата, ми­ри­сот и емо­ци­и­те се гле­да­ат низ приз­ма­та на пет­те ки­нес­ки еле­менти, а тоа се: дрвото, ог­нот, зем­јата, ме­та­лот и во­дата. Иста­та по­дел­ба ва­жи и за на­мир­ни­ците. Во ис­то вре­ме си­те на­мир­ни­ци има­ат свои тер­мич­ки осо­би­ни и спо­соб­ност да ла­дат, да заг­ре­ва­ат или пак да би­дат не­ут­рални. Се­то тоа по­ма­га ор­га­низ­мот да ус­пее пов­тор­но да се вра­ти во рам­но­тежа, до­кол­ку се раз­би­ра ве­ќе дош­ло до од­ре­де­но за­бо­лу­вање, или во обид да се пре­ве­ни­ра кон по­ја­ва на од­ре­ден тип за­бо­лу­вање.

Оган

До­кол­ку ва­ши­те оми­ле­ни ја­де­ња има­ат горчлив вкус, вие сте од оној тип лу­ѓе што спа­ѓа­ат во еле­мен­тот оган. Со вак­ви­от на­чин на ис­храна, вие без да би­де­те свес­ни за тоа, пре­ве­ни­ра­те по­ја­ва на по­се­ри­оз­ни за­бо­лу­ва­ња на ср­це­то ка­ко и на тен­ко­то црево. За ва­ша­та ис­хра­на спо­ред ки­нес­ка­та ме­дици­на се препо­ра­чу­ва по­стоја­но да вклу­чу­ва­те на­мир­ни­ци од ти­пот на јаг­неш­ко и ов­чо месо, ов­чо си­рење, бо­си­лек, руз­ма­рин, ма­то­чина, си­ко­рија, руко­ла ка­ко и пиво.

Земја

Бла­го­то и слат­ко­то ви се оми­лени, што зна­чи де­ка вие сте во еле­мен­тот на зем­јата. Со вак­ви­от вид хра­на вие пре­ве­ни­ра­те по­ја­ва на по­теш­ки за­бо­лу­ва­ња на пан­кре­а­сот и на же­луд­ни­кот.

Спо­ред овој вид на­род­на ме­дицина, прас­ката, мор­ко­вот, ком­пи­рот, кру­шата, ју­неш­ко­то месо, аво­ка­дото, крас­та­ви­цата, ме­дот и ман­гото, се­кој­днев­но тре­ба да би­дат сер­ви­ра­ни на ва­ша­та трпеза.

Ме­тал

До­кол­ку са­ка­те да ја­де­те луто, то­гаш вие при­па­ѓа­те на еле­мен­тот ме­тал. Со ја­де­ње­то ек­стрем­но лу­та храна, спо­ред ки­нес­ка­та ме­дицина, вие ус­пеш­но се спра­ву­ва­те со по­ја­ва­та со од­ре­де­ни по­се­ри­оз­ни за­бо­лу­ва­ња на бе­ли­те дро­бо­ви и де­бе­ло­то црево.

За вас, препо­рач­ли­ви на­мир­ни­ци се ка­рито, ѓум­би­рот, кро­ми­дот и лукот, вла­се­цот и рот­к­ви­ците.

Вода

Обо­жа­ва­те со­ле­на и за­чи­не­та храна, зна­чи вие сте во еле­мен­тот на вода. Со кон­су­ми­ра­ње­то по­со­ле­ни ја­дења, вие има­те пот­ре­ба од до­пол­ни­тел­ни ко­ли­чес­тва вода, што па од дру­га стра­на по­зи­тив­но им вли­јае и ги про­чис­ту­ва буб­ре­зи­те и бе­ши­ката.

За овој тип лу­ѓе се препо­ра­чу­ва пар­ме­зан, мор­ски рак­чиња, мас­лин­ки и ми­не­рал­на вода.

Со­ве­ти на ки­нес­ка­та ме­дицина

Спо­ред прив­рза­ни­ци­те на традицио­нал­на­та ки­нес­ка ме­дицина, нај­важ­но од сè е да ја­де­те здрава, тер­мич­ки не­об­ра­бо­те­на и хе­мис­ки нет­ре­ти­ра­на храна. Мас­тите, бел­ко­ви­ни­те и јаг­ле­хид­ра­ти­те (кои при­па­ѓа­ат во еле­мен­тот земја) мно­гу теш­ко се ва­рат. Ки­се­лото, лу­то­то и со­ле­ното, пак, му по­ма­га­ат на те­ло­то да ги ис­ко­рис­ти си­те рас­по­ложли­ви хран­ли­ви сос­тојки. Се­то она што же­луд­ни­кот и пан­кре­а­сот не мо­жат да го пре­ра­бо­тат, се ап­сор­би­ра и се та­ло­жи во ор­га­низ­мот и ос­та­ну­ва не­ис­ко­рис­тено. До­кол­ку са­ка­те да го спре­чи­те тоа, оби­де­те се да се прид­ржу­ва­те кон след­ни­те со­вети.

– ре­дов­но ја­де­те топ­ли об­ро­ци под­гот­ве­ни од све­жи пло­дови

– ја­де­те ис­клу­чи­во се­зон­ско овош­је и зе­лен­чук

– ја­де­те до­маш­но под­гот­ве­ни ком­поти

– вни­ма­вај­те на ста­рос­та и на ква­ли­те­тот на хра­ната

– за­чи­ни што нај­мно­гу тре­ба да ги ко­рис­ти­те се ѓум­би­рот, ко­ри­јан­де­рот, ки­мот и ло­во­ро­ви­от лист

– се­ко­гаш на ја­де­ња­та до­да­вај­те им рен­да­на ко­ра од ли­мон

– ја­де­те што е мож­но по­мал­ку леб

– не­мој­те да пи­е­те лад­ни на­пи­тоци

– избег­ну­вај­те ше­ќер и јуж­но овошје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот