Разговор Заев – Донфрид: Почеток на преговорите за влез на Северна Македонија во ЕУ е геостратешки интерес на САД

Зоран Заев, Карен Донфрид
Зоран Заев/ Фото ЕПА/ Карен Донфрид/ Фото Twitter Screenshot

Премиерот Зоран Заев доцна синоќа имаше телефонски разговор со помошник државниот секретар на САД Карен Донфрид, која во име на Владата на САД и на американските граѓани изрази длабоко сочувство до македонските граѓани за загинатите во автобуската несреќа во Бугарија.

Како што соопшти владината прес-служба, Заев и помошник државниот секретар Донфрид разговараа за евро-интегративниот процес на Северна Македонија, при што беше изразена целосна поддршка од страна на САД за отворање на преговорите со ЕУ во декември оваа година.

Соговорниците се согласија дека отворањето на преговорите со Северна Македонија и Албанија е надворешно-политички и геостратешки интерес на САД.

Во телефонскиот разговор потврдено е стратешкото партнерство меѓу Северна Македонија и САД кои сега се и партнери во НАТО.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот