РАЗГОВОР | Убавиот феникс од нашето соседство, Ана Брзанова: Се борев со канцерот за секое ново утро, за непроживеаните најубави години, за сите убавини кои следат во животот!

Фото: Приватна архива

Во што е посебна Ана Брзанова? Во многу нешта. На пример, во убавината, надворешната, и онаа – внатрешната. Во нејзината челична волја несвојствена за врсниците од 21.година. Во победничкиот дух, веројатно, генетски зацртан; во нејзиното разбирање за светот, иако потекнува од мал град на југот на нашата земја, сончевата Гевгелија, град од кој го наследила сонцето во себе, што секаде го носи. Во нејзината отвореност. Зрелост за разговор во „четири очи“ за кој е, многу веројатно, потполно свесна дека, преку него, ќе насочи кон себе уште стотици очи, ама, и усти. И има со што да ги замолчи. Ана е нашиот феникс. Нашата убавица од соседството, повторно родена за одново да победи, откако одлучно ѝ сврти грб на болеста, канцер на лимфните жлезди, која ѝ претеше дека ќе ѝ ја „искубе“ косата и ќе ја остави „коска и кожа“.

фото – приватна архива

За кратко време откако почна да се бавиш со манекенство, се закити со бројни интернационални титули. Што најмногу те привлече во оваа професија и што е потребно за успех надвор од границите на Македонија?

– Уште од мали нозе сум го сакала фотоапаратот и сум позирала на секоја слика. Отекогаш сум ја сакала оваа професија, меѓутоа не бев свесна за нејзината тежина и смисла додека не го започнав курсот за моделство и манекенство во 2017 година. Самиот курс ме направи уште поопсесивна по оваа професија при што, искрено, најмногу ми лежеше ‘„cat walk‘’ односно движењето на ревии, како што всушност ги започнав и своите први почетоци, на ревиите на Моден викенд Скопје (Skopje Fashion Weekend).

За било каков успех, па и за овој, потребно е вложување во себе. Така, и за успехот надвор од Македонија беше посветата да работам на себе, на своето движење, држење и изглед, како и усовршување на бон-тон. Ова ми овозможи да ја претставам Македонија во најдобро можно светло на интернационалните избори за убавина.

Во текот на твојата кариера на модел ти се случи страшна пресвртница во однос на здравствената состојба. Имено, се соочи со дијагнозата канцер на лимфните жлезди. Што оттогаш се промени во твојот свет, пред сè, во твојата глава?

– Нормално прво ми влезе во глава дека не знаеме што не очекува утре. Треба денес да го направиме она што го сакаме и тоа што нè исполнува, да ја зграпчиме секоја можна прилика и да ја искористиме. На тој начин и толку амбициозно во краток рок се појавив на бројни сцени додека сè уште сум студент и сум фокусирана на завршување на моите студии.

Млада и убава, а одеднаш се соочи со опаѓање на косата поради хемотерапиите, губење на килограмите… Што беше во тие мигови твојата светлина, водилка?

– Моите родители, но и самата јас. Се борев за нив, се борев и за самата себе. Тие беа и останаа најголемата поддршка во најтешките и најубавите моменти, мислам дека посветата да не ме гледаат таква без коса, анорексична, плачејќи од болки, беше мотивот да се борам и издржам. И нормално, се борев за секое ново утре, се борев за непроживеаните најубави години, се борев за сите убавини кои следат во животот.

Освен за себе, научи ли нешто повеќе во тие болни моменти, нешто повеќе и за пријателите, за околината, за блиските?

– Дефинитивно.

Втората лекција во тие тешки моменти е токму тоа, гледам и не ми се верува кој во најтешкото останал покрај мене, колку многу од тогашните „пријатели’’ се повлекоа, и колку од нив останаа. Нормално дека научив, и јас и моите родители, дека не секој ни мисли добро и дека не секој е вистински пријател и другар, дека не подаваат рака кога треба, туку земаат од нас само кога ним им треба.

Како болеста делуваше на твојата самодоверба, со оглед на тоа што се занимаваш со специфична професија во која убавината е во преден план. Најпосле, што научи за убавината во тој период? Што е убавина?

– И ден денес влијае на мојата…

Целиот текст и фотографиите проследете ги ТУКА.
Извор: Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот