Разбуден град: Расцветаа црешите во Вухан! (ВИДЕО)
Иако најчесто на сите тие им се прва асоцијација за Јапонија, сезоната на цветање на црешите е долгоочекуван настан во градовите ширум светот и знак дека пролетта пристигнала.
Препорачано
Моментално не постои град кој повеќе заслужува пораки со надеж и обнова од Вухан, кој е затворен од 24 јануари поради епидемијата од коронавирусот.
Дрвјата со цеши во Вухан сега повторно се во полн цвет!
Едно од најубавите места каде можете да уживате во нив е универзитетот Вухан, кој инаку во овој период од годината е преполн со љубители на цреши.
Оваа сезона, меѓутоа, е малку поинаква. Се беше релативно празно поради неодамнешната епидемија, но можеби токму вака убавината посебно доаѓа до израз.
Според кинеските медиуми, ширум универзитетскиот кампус се засадени над 1.000 стебла со цреши. Оние најстарите се подарок од Јапонија од седумдесеттите години на минатиот век, кога овие две земји воспоставија дипломатски односи.


