Разбојник украл 250 евра од обложувалница

Обвинение за разбојништво од Основното јавно обвинителство заработи 27-годишен скопјанец кој на 20 септември годинава ограбил обложувалница во центарот на Скопје.

Во обвинителниот акт пишува дека тој влегол во спортска обложувалница на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје и со нож во раката му се заканил на вработениот, барајќи од него да му ги даде парите. Оштетениот, исплашен за својот живот ја отворил касата и разбојникот му дал 15.000 денари. Штом ги зел парите, разбојникот избегал бегство.

Јавниот обвинител од судија на претходна постапка побарал на разбојникот да му биде одреден притвор бидејќи тој бил сторител на низа кривични дела, по него еднаш била распишана и потерница, па за да не избега повторно и да не влијае врз сведоци, според ОЈО најсигурно е тој да е во притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот