Разбивање на кодот на најпознатиот цртеж на Леонардо да Винчи

Profimedia

Леонардо да Винчи е симбол на ренесансен гениј. До моментот на смртта во 67-та година, станал стручњак во бројни области – сликарство, цртање, архитектура, инженерство, наука, музика, математика, книжевност, анатомија, астрономија, ботаника…

Делото кое деновиве е во центарот на вниманието е цртежот Витрувијански човек. Ова ремек-дело е старо 530 години и е транспортирано од Венеција во запечатена стаклена кутија која морала да има посебна температура, во придружба на вооружени чувари.

На Да Винчи како инспирација му послужиле Витрувиевите записи. Тој бил првиот голем римски архитект. Цртежот, кој се нарекува и Пропорциите на човекот и Закон на пропорциите, го прикажува идеалното човечко тело, кое го претставил Витрувиј во книгата „За архитектурата“. Неговиот став бил дека пропорциите на човечкото тело имале најголемо внимание на класичната литература, а идеалното човечко тело има специфични пропорции.

За Да Винчи било предизвик тоа да го нацрта, да ги прикаже идеалните пропорции и да покаже дека тие се во хармонија со универзалните принципи, бидејќи човечкото тело стои и во квадрат и во круг.

„Се сметаше дека цртежот претставува единство на космосот и на концептот на човекот како мерило на сите работи“, рекол професорот Мартин Кемп, кој ја пишувал биографијата на Да Винчи.

Папокот го поставил како централна точка на телото околу која е опишан круг додека рацете се подигнати. Меѓутоа, во квадратот центарот е на препоните.

„Човечкото тело е природно така обликувано, што лицето, од брадата до врвот на челото и најнискиот корен на косата, претставува една десетина од целата висина“, пишувал Да Винчи, кого многу го интересирала човечката анатомија.

Тој сецирал 30 човечки трупови за подобро да го разбере човечкото тело и тоа да го примени на своите ремек-дела.

Витрувијанскиот човек не е само одличен пример на талентот на уметникот и феноменалниот приказ на човекот. Овој цртеж укажува и на складот на човечкото место во универзумот, пример за неговата природна симетрија и прикажува каква е врската на сите нас со науката и со математиката.

Овој цртеж е непроценлив. Галеријата „Академика“ што се наоѓа во Венеција никогаш нема да го продаде. Извори од Италија тврдат дека е осигурен на една милијарда евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот