Ратајковски објави фотографија со која насмеа многумина: Ако ви се чини дека секогаш дојам, навистина е така

Instagram
Instagram

Славниот модел Емили Ратајковски во март стана мајка на малиот Силвестер Аполо Бер. Оттогаш таа на социјалните мрежи редовно споделува детали од нејзиното секојдневие како мајка…

29-годишната манекенка на својот инстаграм-профил овојпат повторно сподели фотографии на кои го дои својот син Силвестер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata)

Ако ви се чини дека секогаш дојам, навистина е така“, напиша Емили во описот на нејзината објава која за само неколку часа собра повеќе од милион лајкови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata)

Уживај во секој момент“, „Драго ни е за тебе“, „Тој е голем и сигурно му треба многу млеко, вршиш одлична работа мама“, беа дел од бројните коментари од нејзините обожаватели.

Американската манекенка стана мајка на 8 март на синот Силвестер. Тоа е нејзиното прво дете со нејзиниот сопруг, филмскиот продуцент Себастијан Бер – Меклард.

Ратајковски уште во текот на нејзината бременост почна да објавува фотографии славејќи ја менливоста на женското тело, воедно поздравувајќи ја новата фаза од нејзиниот живот – мајчинството.

Откако стана мајка пак, како и голем број жени низ светот, Емили се обидува да ги тргне сите предрасуди поврзани со мајчинството и доењето и тоа го прави навистина успешно до сега.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот