Расте бројот на жртви во снежните лавини во Пакистан и Авганистан

Фото: EPA/JAWAD JALALI

Подрачјата погодени од снежни лавини во Кашмир денес ги посети пакистанскиот премиер Имран Кан.

Бројот на загинати во снежните бури и лавини, кои во изминатите денови ги погодија Пакистан и Авганистан, пораснаа на 160 лица, поради тоа што спасувачките тимови денес извлекоа тела на уште 21 лице од нивните домови во Кашмир на Хималаите.

Пакистанскиот министер за управување со катастрофи Раза Кадри, рече дека во пакистанскиот дел на Кашмир во невремето загинале 76 луѓе. Уште 45 лица загинаа во Булучистан на северот и Пунџаб на истокот на Пакистан, пренесува „АП“.

Подрачјата погодени со снежни лавини во Кашмир денес ги посети пакистанскиот премиер Имран Кан.

Тој ја посети и воената болница во Музафарабад, каде се згрижени неколку спасени лица, вклучувајќи жени и деца.

Ситуацијата во Авганистан денес се враќа во нормала, по неколкудневната снежна бура, дождови и поплави во кои загинаа 39 луѓе и беа оштетени 300 домови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот