Рашиди: Уште е рано да се даде оценка за работата на Пендаровски

Сѐ уште е рано да се даде оценка за работата претседателот на државата Стево Пендаровски, изјави пратеникот Сурија Рашиди од Алијанса за Албанците по денешното обраќањето на претседателот до пратениците во Собранието.

– За поздравување е фактот дека и после препораките на Венецијанската комисија околу Законот за јазици и самиот претседател истакна дека тој закон не е противуставен и со препорака до институциите дека треба да го почитуваат законот – изјави Рашиди.

Потенцираше и делови од говорот што се однесуваат на судството и заробената држава од минатата власт.

– Но, самиот факт дека даде препорака до идната власт да се занимава со судството, да се прочисти од такви судии е само признавање дека досегашната Влада не успеа серозно да се занимава со реформите во судството, а тоа поради фактот дека и во самата власт или Влада има еден фактор наследен од минатата власт, а која е голема пречка за вистински реформи во судството – изјави Рашиди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот