Рамуш Харадинај на „братска“ средба со Еди Рама во Тирана

фото: MIA Рамуш Харадинај и Еди Рама, средба во Тирана

Поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај денеска ја посетил Тирана, каде остварил средба со премиерот Еди Рама, кому му се „заблагодарил за грижата во овој тежок период низ кој поминува Косово“, јави АТА.

Во отсуство на информации од кабинетот на Рама, агенцијата пренесува објава на Харадинај на социјалните мрежи во која средбата ја опишува ја како братска средба.

-Денеска во Тирана братска средба со премиерот на Албанија, Еди Рама. Разговаравме за случувањата низ кои минуваат Косово, Албанија и регионот и процесите што не очекуваат, особено за предизвиците на Косово во прашањата поврзани со дијалогот, безбедноста и перспективата на евроатлантските интеграции, пишува Харадинај.

Додава дека побарал од премиерот Рама да му помогне на Косово на меѓународно ниво да ги надмине предизвиците.

-Побарав од Рама на сите нивоа на разговори со меѓународниот и националниот фактор, да помогне да се надминат предизвиците што ги има Косово и да се забрза неговата интеграција. Искрено му се заблагодарив за неговата и грижата на Албанија во овој тежок период низ кој поминува Косово, наведува Харадинај.

Меѓу Рама и Харадинај подолг период владеат заладени односи.

Во јануари 2020 година Рама до Основниот суд во Приштина поднесе тужба за клевета против Харадинај. Тужбата се однесуваше на клевета дека Рама наводно се залагал за рамена на територии меѓу Белград и Приштина.

Харадинај оцени дека тужбата нема основ и дека е поднесена само за да се избегне политичката одговорност. Подоцна Рама ја повлече тужбата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот