Рама: Тирана втор град во регионот по посета на странски туристи

Фото: Wikipedia/Commons

„Гугл“ ја рангира Албанија на третото место по дестинации со најголем раст во оваа туристичка сезона. Од градовите Тирана е втора меѓу најпосетуваните туристички градови, пренесува Ора Њуз. Премиерот Еди Рама денеска ги објави податоците на „Гугл“ и нагласи дека Тирана е со најмногу посети од туристи.

„Според податоците од самиот Google, Албанија е рангирана на третото место според дестинации со најголем раст во оваа туристичка сезона, додека нашата Тирана е втора, оставајќи зад себе многу градови кои со децении се докажани туристички дестинации“, рече Рама.

Официјалните податоци на ИНСТАТ покажуваат дека Албанија во периодот јануари-јули ја посетиле 5,2 милиони странци. Во периодот од седум месеци, регион со најголем број странски државјани кои влегле во Албанија е европскиот регион со околу 5 милиони граѓани, а потоа следат Америка, Источна Азија и Пацификот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот