Рама порача и од Берлин: Се разделуваме со С. Македонија ако во јуни нема преговори за ЕУ

Еди Рама/ Фото EPA-EFE/MAURO SCROBOGNA / POOL

Албанскиот премиер Еди Рама уште еднаш изјави дека Албанија во евроинтеграцискиот процес „ќе се одвои од Северна Македонија доколку формално не се отворат преговорите со ЕУ во јуни”.

-Во случајот со одвојувањето на Албанија од Северна Македонија, одговорот е позитивен од 65 отсто од албанските граѓани кои учествува во национална анкета. Тоа ќе се случи од наша страна само доколку во јуни формално не се отворат преговорите за Албанија поради Бугарија. До јуни ќе продолжиме да бидеме на линија со Северна Македонија, кога сметаме двете земји треба да добијат зелено светло. Ако Бугарија го блокира патот во јуни, ќе бараме да нѐ разделат затоа што е невозможно долго да се соочуваме, изјави Рама на заедничката прес-конференција во Берлин со германскиот канцелар Олаф Шолц.

Според албанските медиуми, Шолц од своја страна ја нагласил важноста на Берлинскиот процес, додавајќи дека е „дојдено време Западен Балкан да се приклучи на ЕУ”.

-Неколкупати го споменав прашањето за членството на Западен Балкан во ЕУ. Верувам дека сега е моментот, дека помина долго време и сега мора да следи следниот чекор. Можам да ве уверам дека со моќта што ја имам и со сета поддршка на федералната влада тоа навистина ќе се случи. Мојот впечаток е дека живееме во ново време и тоа има врска и со руската агресија. Во Европа се зголемува свеста дека треба да се поддржуваме едни со други. Ќе бидам посветен на сè што го поддржува Берлинскиот проект, рекол Шулц.

Рама, како и многупати досега, рече и дека „Албанија со години е разочарана од Советот на Европа” но оти и без оглед на одлуката во јуни, неговата земја „ќе продолжи да ја врши својата работа“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот