Рама: Мета комплетно излезе од колосек, срамно е што тој ни е претседател

Албанскиот премиер Еди Рама ја нарече катастрофа „ескалацијата на вербалното насилство од страна на претседателот Илир Мета”.

– Навистина е катастрофа што ескалацијата на вербалното насилство и глупоста од страна на Илир Мета се случува многу предвреме, во одредена смисла. Не знам до каде ќе стигне бидејќи многу рано започна, бидејќи не е првпат, но навистина е многу непријатно и жално за сите нас да имаме поединец во кабинетот на претседателот на Републиката, кое всушност излезе целосно од колосекот на неговата функција и ги стави самиот себе и институцијата на располагање на деградирана сила како што е партијата од која доаѓа и во која оди. Навистина е жално, изјави Рама за медиумите по средбата со претседателите на општинските организации на Социјалистичката партија.

На прашањето дали владејачкото мнозинство ги исполнило обврските поврзани со Уставниот суд како еден од условите за отворање на првата меѓувладина конференција, тој рече дека Владата нема директна должност во овој поглед, бидејќи „системот е независен од нас”.

– Но,колку што знам постојат сите можности за нас како Парламент и земја да го унапредиме овој процес и се надеваме дека процесот ќе продолжи нормално и местата ќе бидат пополнети според процедурите, рече Рама.

Уставниот суд во земјата не функционира повеќе од три години.

И евроамбасадорот во Тирана, Луиџи Сореца вчера порача дека Високиот судски совет мора итно да направи проценка за кандидатите за негови членови, бидејќи „формирањето на Уставниот суд е услов што мора да биде исполнет во следните недели за судбината на првата меѓувладина конференција”.

(Извор:МИА)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот