Еди Рама
Еди Рама / 15 јуни 2022 / Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Рама: Албанија трета во светот со спектакуларен раст на туристи од 56 проценти

Албанија е на третото место во Светскиот туристички барометар за периодот јануари-јули 2023 година, со спектакуларен пораст од 56% на туристи, пренесува Ора Њуз. Веста денеска ја соопшти премиерот Еди Рама, кој на социјалните мрежи ја сподели веста каде Албанија е на третото место по Катар и Саудиска Арабија.

„Постигнавме нешто неверојатно: третото место во Светскиот туристички барометар за периодот јануари-јули 2023 година, со спектакуларен пораст од 56% на пристигнувањето туристи“, нагласи тој.

Премиерот рече дека „ова достигнување немаше да биде возможно без посветеноста и напорната работа на сите овие години, а особено на професионалците од нашата туристичка индустрија“.

„Заедно ја ставивме Албанија на мапата како дестинација што мора да се посети и секоја година ќе ја правиме се подобра и подобра. Од сончевите брегови на албанската ривиера, до историската убавина на Ѓирокастро, имаме по нешто за секого“, нагласи Рама.

Премиерот им пренесе и порака на патниците ширум светот:

„Дојдете и откријте го бисерот наречен Албанија. Не пропуштајте – резервирајте ја вашата албанска авантура уште денес“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот