Ракометарите ги дознаа противниците на СП: Македонија во група со Норвешка, Аргентина и Холандија

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Ракометната репрезентација на Македонија денеска ги дозна противниците со кои ќе игра во групната фаза на Светското првенство во Полска и Шведска.

Македонија се наоѓа во групата Ф заедно со селекциите на Норвешка, Аргентина и Холандија.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров ги очекува тешка задача бидејќи ги очекуваат дуели со силната селекција на Норвешка како и со незгодната селекција од Јужна Америка, Аргентина како и против  Холандија која од година во година бележи се подобри резултати.

Големи возбудувања се очекуваат во Групата Б каде се наоѓаат Франција, кодомаќинот Полска и Словенија.

Хрватска е дел од групата Г заедно со шампионот на Африка, САД и третопласираната селекцијата на африканското првенство кое ќе се одржи годинава. Србија е во група со Германија, Катар и петопласираната селекција од Африја додека Црна Гора ја очекуваат дуели со Шпанија, Чиле и Иран.

Светското првенство ќе се одржи во Полска и Шведска од 11 до 29 јануари, а титулата ќе ја брани селекцијата на Данска.

Група А: Шпанија, Црна Гора, Чиле, Иран
Група Б: Франција, Полска, Саудиска Арабија, Словенија
Група Ц: Шведска, Бразил, Африка 2, Уругвај
Група Д: Исланд, Португалија, Унгарија, Кореја
Група Е: Германија, Катар, Србија, Африка 5
Група Ф: Норвешка, МАКЕДОНИЈА, Аргентина, Холандија
Група Г: Африка 1, Хрватска,Африка 3, САД
Група Х: Данска, Белгија, Бахреин, Африка 4

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот