Рахиќ: Класична местенка беше тепачката со Јанакиески и Ристовски за да излезат од притвор

Директорот на истражниот затвор „Скопје“, Есад Рахиќ во интервју за Радио Слободна Европа, вели дека тепачката меѓу поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски со други притвореници била местенка за да излезат од притвор.

Токму поради овој инцидент тогашниот директор на затворот Ѓоко Котевски си поднесе оставка.

-Господинот Котевски пред мене коректно си ја вршел работата. Мислам дека тоа е сплет на несреќни околности, да не кажам една класична местенка изрежирана да се случи тоа за дел од тие што учествуваа во тепачката да излезат надвор, вели Рахиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот