Рафаел Варан ја заврши репрезентативната кариера на 29 години

Одличниот француски одбранбен играч Рафаел Варан (29) одлучи да стави крај на својата репрезентативна кариера.
Дефанзивецот на Манчестер јунајтед игра на највисоко ниво, а само што влегува во зенитот на кариерата, но повеќе не сака да игра за „триколорите“ за кои одигра 93 натпревари и постигна пет голови.
Варан беше незаменлив во тимот на селекторот Дидие Дешан на претходните две светски првенства.
Во Русија во 2018 година, Варан ја командуваше одбраната на светските шампиони, додека на Мундијалот во Катар минатата година, по пенали против Аргентина му избега нова светска круна.
За националната селекција дебитираше во 2013 година во квалификациите за Светското првенство во Бразил 2014 против Грузија кога неговата репрезентација победи со 3:1.
Две години подоцна, Франција беше домаќин на Европското првенство кое го освои Португалија, а Варан одигра важна улога на патот до финалето. Со репрезентацијата се закити и со пехарот во Лигата на нации во 2021 година.