Работниците од Кина во село Извор ја пречекаа кинеската Нова година

Без традиционалниот огномет и без присуство на гости, малубројната група кинески работници преостанати на автопатот Кичево-Охрид, ја одбележаа кинеската Нова година, Година на биволот.

Работниците од Кина не ја пропуштија можноста со специјалитети својствени за сопствената кујна и пред телевизиските екрани, каде што се емитуваа програми од националната телевизија, барем делумно да ја нарушат носталгијата, поради одалеченоста од своите најблиски и родната земја.

Работниците и менаџментот од „Синохидро” за најсвечената вечер на трпезата имаа застапено традиционални специјалитети од чорби, пикантни колбаси, јагнешко со мед, неизбежна и пообилна количина риба, доста зеленчук и сето тоа гарнирано со неизбежниот десерт, информираа од Извор.

Пречекот на кинеската Нова година работниците од оваа земја го имаа во мензата од населбата во село Извор, каде што престојуваат полни шест години.

Претходните години, кога во оваа населба имаше повеќе стотини кинески работници, за Пазникот на пролетта, како што ја нарекуваат кинеската Нова година, повеќето беа на редовен годишен одмор во сопствената земја, што е традиционален обичај за сите Кинези од светот за прослава на овој ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот