Работниците на преквалификација, 53 милиони работни места ќе бидат роботизирани

Бројот на европско работоспособно население ќе биде намален за околу 13,5 милиони, односно за околу четири отсто до крајот на деценијата, а падот особено ќе биде изразен во Германија со околу четири милиони и Италија со околу 2,5 милиони помалку.

Околу 53 милиони работни места во Европската унија ќе бидат роботизирани до 2030 година, но овој процес би можело да забрза поради пандемијата од вирусот ковид – 19, а поради кој повеќе од 20 отсто од работната сила ќе биде приморана на доедукација и стекнување нови вештини и преквалификација, се вели во студијата од истражувањето на институтот Мекинси за иднината во работењето во Европа и влијанието на ковид – 19 како и автоматизацијата на вработеноста во ЕУ.

Во извештајот се наведува дека речиси 59 милиони лица во ЕУ, односно 26 отсто од вкупниот број на вработени, би можело за краток рок да се соочат со економските последици од пандемијата и рестриктивните мерки – намалување на работните саати и плати, или со привремено или постојано прекинување на работниот однос.

Бројот на европско работоспособно население ќе биде намален за околу 13,5 милиони, односно за околу четири отсто до крајот на деценијата, а падот особено ќе биде изразен во Германија со околу четири милиони и Италија со околу 2,5 милиони помалку. Автоматизацијата и замрзнувањето на поодделни економски активности, кои ќе се одвиваат со различна брзина, ќе доведе до намалување на бројот на работни места и ќе го забрза процесот на создавање нови професии.

Ковид – 19 од една страна би можело да го забрза преминот на работната сила на нови работни активности кои бараат поразлични вештини, а од друга страна пак кризата со вирусот би можела да ги продлабочи разликите помеѓу високо и пониско образованите работници, но и помеѓу државите во ЕУ, се вели во извештајот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот