Работнички мораше да игра продолжение за победа над новајлијата Феникс

Работнички мораше да игра продолжение против Феникс/ фото: КФСМ

Кошаркарите на Работнички многу потешко од очекувањата го совладаа новајлијата во првата лига Феникс со 94:90 и тоа по продолжението од пет минути откако во регуларниот дел беше 83:83.

Дебитантот уште во првата четвртина покажа дека ќе биде тврд орев за фаворитот и по десет минути игра резултатот беше 25:22 за Работнички.
Во втората четвртина Работнички за прв пат поведе со двоцифрена предност, 41:28, а потоа поведе и со 46:29.

Поголема резултатска промена беше регистрирана во втората четвртина во која најтрофејниот македонски клуб направи посериозна предност. Работнички имаше (41:28) по нешто повеќе од 14.минути од играта. Потоа и уште повисоки, (46:29).

Сепак, гостите не се предадоа направија серија од 4:12  со која негативата стана едноцифрена.
Второто полувреме помина во обиди на кошаркарите на Феникс да ја анулираат негативата и успеаја во последната минута од натпреварот кога со поените на Митревски поведоа со 82:83. Мустафица погоди едно слободно фрлање и го однесе натпреварот во продолжението каде Емерсон со трите слободни фрлања ја обезбеди победата на Работнички.

Емерсон со 18 и Мустафица со 16 поени го предводеа Работнички до триумф, додека кај Феникс, Андреј Митревски имаше одлична партија завршувајќи со 26 поени.
Претходно, Пелистер ја оправда улогата на фаворит и како гостин со убедливи 66:89 славеше над Академија ФМП, додека Гостивар со 85:72 го совлада Куманово, а ТФТ со 85:71 беше поуспешен од Еуро Никел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот