Работна средба во Делчево за помагање на Ромската заедница

Над 90 отсто редовно имунизирани деца Роми и унапреден пристап на жената Ромка до редовните гинеколошки прегледи се резултати од досегашните активности што беа презентирани на денешната работна средба во Делчево од Невладината организација „КХАМ”, како дел од здравствената програма за реализација на проектот „Социјална отчетност и правно зајакнување на Ромската заедница во брегалничкиот регион”.
На средбата присуствуваа претставници од ОСФ „Програма за Јавно Здравство” и Канцеларијата на ФООМ.
-Оваа година во рамки на кампањата беше потенцирана и заложбата за здравото мајчинство, при што беше нагласена важноста мајките да одат редовно на гинеколог за време на бременоста и по породувањето, истакнаа од НВО „КХАМ”.
Меѓу најчестите проблеми со кои се соочуваат мајките со новороденчиња, од „КХАМ” го посочија проблемот со селективна незаконска наплата на одредени здравствени прегледи.
Од НВО „КХАМ” посочија дека е направена проценка на нивните потреби за периодот до 2021 година, за да може најсоодветно да им помагаат на Ромската заедница, за таа континуирано да го остварува правото на здравје.
Во насока на подигање на свеста за имунизација, од „КХАМ” потенцираа дека веќе 10 година по ред се излегува на терен и се проверуваат здравствените картони на мајките со новороденчиња при што годинава вакви акции беа спроведени во Делчево и Пехчево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот