Креативна работилница со Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска

Работилниците „Приказни од мостот“ овозможија да се откријат креативните можности на фотографијата

Во мултимедијалниот центар „Мала станица“ во Скопје од 7 до 10 јули се одржуваат четири креативни работилници насловени „Приказни од мостот“ организирани од страна на Македонскиот центар за фотогртафија, а водени од Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска, експерти во проектот „Споделени хоризонти“, којшто се спроведува во шест балкански држави.

Учесниците на овие работилници имаат можност теоретски и практично да се запознаат со креативните можности на фотографијата, визуелното раскажување приказни (storytelling) и ликовната уметност.

Преку „Приказните од мостот“ учесниците создадоа креативни дела, станаа свесни за значењето на културното наследство, а пред сѐ за важноста од градење на културни мостови коишто нѐ поврзуваат едни со други. Мостови кои ја пренесуваат нашата култура и историја и мостови кои нѐ запознаваат со културата на другите.

Работилниците се дел од проектот „Споделени хоризонти“ (Shared Horizons), #SharedHorizons компонента 2, имплементиран од АЛДА (ALDA – European Association for Local Democracy) и финансиран од „Expertise France“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот