Изложбата „Зимски салон“ на ДЛУМ ја истакнува уметноста како критички инструмент на општествената реалност
Биеналната изложба „Зимски салон“ на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ) на 26 февруари беше отворена во објектот „Мала станица“ при Националната галерија, а наградата ја доби визуелната авторка Ана Спасова. Концептот на изложбата и изборот на делата се курирани од реномираната словенечка ликовна критичарка со меѓународна професионална биографија Лилијана Степанчиќ. Нејзиниот концепт е …

