Работи кои ги правевме во 2000-те, а денес се срамиме да ги признаеме! (ФОТО)

Парис Хилтон/ Instagram

Транзицијата на милениумот беше интересно време. Откако преживеавме Y2K (се сеќавате ли на тоа?), започнавме со низа модни изрази кои денес ни изгледаат како целосна катастрофа.

Без грижа, сите сме виновни за нив и сите ги обожававме.

Во тие години, веѓите беа само една тенка линија.

А трепките требаше да изгледаат како куп грутки од маскара.

Топовите мораа да бидат тесни и кратки, а фармерките едвај ги покриваа најинтимните зони.

Долните маици беа неизбежна облека и мораа да се комбинираат со елегантни здолништа, огромни обетки и потпетици.

Тоа беа годините кога болеро апсолутно владееше со модните комбинации.

Исто така и тенките шалови кои не служеа на никаква цел.

Облеката секогаш мораше да има одредена промена. Обичните бели маици мораа да паѓаат од рамената.

View this post on Instagram

Poppy ?? #wildchild #poppy #movie #emmaroberts

A post shared by 90/00s (@2000fashiontbb) on

Можеби најлошото нешто беше апсолутното игнорирање на пропорциите. Горниот и долниот дел од телото изгледаа како да не припаѓаат на иста личност.

Работите што нормално знаевме каде одат ги користевме за се во тие години. На пример, краватите станаа ремени.

А, кој би заборавил на францускиот маникир?

Или дека сите сакаа да бидат портокалови?

Додека денес слушаме само за мат кармини, тогаш единствената опција беше сјајот, пишува BuzzFeed.

Очигледно дека сакавме се да светка!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот