Путин вети поддршка за Иран: „Подготвени сме да бидеме медијатори за договор“
Рускиот претседател Владимир Путин се сретна со иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи во Русија. По тој повод, иранскиот шеф на дипломатијата, во изјавите емитувани на руската државна телевизија, нагласи дека односите меѓу Москва и Техеран претставуваат силно стратешко партнерство кое ќе продолжи да се зајакнува во наредниот период, пренесува Би-би-си.
Препорачано
На состанокот во Русија присуствува висока иранска делегација, во која, покрај министерот Арагчи, се и заменик-министерот за надворешни работи Казем Гарибабади и иранскиот амбасадор во Москва Казем Џалали.
Разговорите се насочени кон понатамошно зајакнување на билатералните врски и соработката по клучните геополитички прашања.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потврди по состанокот дека Русија е подготвена да ја преземе улогата на медијатор во идните преговори за договор со Иран.
Тој истакна дека Москва е подготвена да понуди услуги на добра волја или медијација што би биле прифатливи за двете страни, нагласувајќи дека Русија ќе направи сè што е во нејзина моќ за да на крајот преовлада гарантираниот мир.
Песков заклучи дека главната цел на ангажманот на Русија е стабилизирање на ситуацијата и спречување на враќање на непријателствата во регионот.
„Иран може да се јави ако сака да разговара, знаат што мора да има во договорот“ – порача Трамп


