Путин: Вакциниравме 21 милиони луѓе, следете го нашиот пример

Путин, исто така, рече дека во неделата бил тестиран за антитела на ковид откако бил вакциниран пред еден месец и дека резултатите од тестот биле добри.
Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека 21,5 милиони Руси, околу 15 проценти од населението, досега биле вакцинирани против ковид-19 и ги повика сите да го следат нивниот пример.
„Мораме активно да продолжиме да се тестираме (за коронавирус) и да се вакцинираме“, рече тој во изјавата објавена на веб-страницата на Кремлин.
Путин, исто така, рече дека во неделата бил тестиран за антитела на ковид откако бил вакциниран пред еден месец и дека резултатите од тестот биле добри.
Русија во понеделникот пријавила 8.465 нови случаи во последните 24 часа, со што вкупниот број на заболени во земјата достигна 4.888.727.