Путин: Русија е подготвена да ја обезбеди безбедноста на состанокот со Украина во Москва
Рускиот претседател Владимир Путин го покани украинскиот лидер Володимир Зеленски да дојде во Москва на мировни преговори, со порака дека Русија е подготвена да ја обезбеди безбедноста на состанокот.
Препорачано
„Украинската страна ја сака оваа средба и ја нуди оваа средба. Јас реков: „Подготвен сум, ве молам дојдете, сигурно ќе обезбедиме услови за работа и безбедност“, рече Путин на пленарната сесија на Источниот економски форум во Владивосток, пренесува РИА Новости.
Тој истакна дека Русија е подготвена да им обезбеди „стопроцентни“ безбедносни гаранции на Зеленски и претставниците на Киев доколку одлучат да дојдат во руската престолнина.
Путин нагласи дека одржувањето состанок во неутрална, трета земја е „прекумерно барање“.
„Следниот пат, ако некој навистина сака да се сретне со нас, ние сме подготвени. Најдоброто место за тоа е главниот град на Руската Федерација, херојскиот град Москва“, рече Путин.
Рускиот претседател изјави дека е подготвен за контакти со украинската страна, но истакна дека „не ја гледа целта“ во тоа.


