Фото: EPA / MIKHAIL KLIMENTYEV / SPUTNIK

Путин работи со полна пареа но преку видео врска: Негови соработници секој ден ги тестираат од коронавирус

Доктор Денис Проценко, главниот лекар на болницата Комунарка во предградието на Москва која стана главна установа за заболени од Ковид-19, вчера објави дека е заразен, но нема загрижувачки симптоми.

Рускиот претседател Владимир Путин се определи за работа преку видео врска поради ширењето на новиот коронавирус, им рече денеска на новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој го објави ова само ден откако главниот лекар на водечката московска болница каде се лечат пациенти од Ковид – 19, кој го прими Путин во својата установа, минатата недела, рече дека е заразен од коронавирус.

„Претседателот повеќе сака овие денови се да работи преку видео врска“, рече Песков пред состанокот со Путин и руската влада кој невообичаено ќе биде одржан преку видео линк. „Ние ги преземаме сите мерки за претпазливост“, додаде Песков.

Доктор Денис Проценко, главниот лекар на болницата Комунарка во предградието на Москва која стана главна установа за заболени од Ковид-19, вчера објави дека е заразен, но нема загрижувачки симптоми.

Путин (67) на 24 март ја посети болницата, а тој и лекарот тогаш се ракуваа, заедно одеа со лифт и разговараа без заштитни маски.

ФОТО: Profimedia

„Сите кои беа со претседателот во Куминарка секојдневно се тестираат на коронавирус“, рече денеска Песков, кој веќе синоќа даде уверување дека анализите на рускиот претседател се „нормални“.

Запрашан дали Путин и натаму се ракува со своите соговорници кога ќе ги сретне, Песков рече дека секако сега сите држат социјална дистанца.

Во Русија од понеделникот половина од жителите се во изолација за да се спречи ширењето на епидемијата од која досега во земјата се регистрирани 2.777 заразаени и 24 мртви.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот