Путин пристигна во Будимпешта на разговори со унгарскиот премиер Виктор Орбан – Слободен печат
ВестиПланета

Путин пристигна во Будимпешта на разговори со унгарскиот премиер Виктор Орбан

За време на посетата исто така се очекува да бидат потпишани голем број билатерални договори, јавува ТАСС.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска пристигна во Будимпешта за да разговара со унгарскиот премиер Виктор Орбан, јавуваат тамошните медиуми.

Кремљ порано рече дека разговорите треба да се фокусираат на широк спектар на прашања поврзани со руско-унгарската соработка, пред сè, на трговско, економско, културно и хуманитарно поле, а двајцата лидери треба да разменат мислења за одредени итни глобални и регионални проблеми.

За време на посетата исто така се очекува да бидат потпишани голем број билатерални договори, јавува ТАСС.

Предвидено е рускиот претседател да го посети и седиштето на Меѓународната џудо-федерација во Будимпешта.

Од друга страна, унгарската опозиција смета дека иако Унгарија има интерес да одржува балансирани врски со сите големи сили, таа ѝ е подредена на Русија.

Заменик-лидерот на социјалистите, Ласло Сакач, вели дека се чини дека Путин доаѓа како сопственик, односно дека сака да ги види своите инвестиции во Унгарија, пренесува МТИ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close