Путин ја поминал ноќта во болница – рускиот претседател добил „чиста десетка“ од лекарите
Претседателот на Руската Федерација е законски обврзан двапати годишно да помине низ комплетен медицински преглед, што е практика што ја издвојува Русија од многу други држави каде таква обврска не постои.
Рускиот претседател Владимир Путин објави дека го завршил својот редовен годишен систематски преглед и, според неговите зборови, резултатите се одлични. Лекарските прегледи траеле два дена и вклучувале и преноќување во клиника, пренесе Блиц.
Препорачано
„Токму што го направив годишниот преглед. Ми беа потребни речиси два дена, вклучувајќи и ноќевање во клиниката. Стигнав попладне, а си заминав следниот ден. Фала му на Бога, сè е во ред“, изјави Путин за време на посетата на изложба посветена на улогата на вештачката интелигенција во решавањето на секојдневните проблеми.
По целосната дијагностика, медицинскиот тим потврдил дека неговата здравствена состојба е одлична и дека нема никакви отстапувања што би предизвикале загриженост. Путин додаде дека редовните контроли ги смета за клучен дел од личната и професионалната одговорност.
Два прегледа годишно
Претседателот на Руската Федерација е законски обврзан двапати годишно да помине низ комплетен медицински преглед, што е практика што ја издвојува Русија од многу други држави каде таква обврска не постои.
Овој протокол е воведен за да се обезбеди транспарентност за здравствената состојба на шефот на државата и континуитет во извршувањето на државните обврски.
Иако деталите од извештајот не се објавуваат целосно, руските извори нагласуваат дека овие прегледи се спроведуваат според највисоките медицински стандарди.
Путин, кој со години ја истакнува важноста на спортот и активниот начин на живот, повеќепати оставал впечаток на лидер кој посветува големо внимание на своето здравје, но посочи дека би сакал „овој преглед да може да се заврши за една минута“.


