Путин бара борците на Вагнер да се заколнат на верност на Русија

Вагнер / Фото: WillWest News / Profimedia
Вагнер / Фото: WillWest News / Profimedia

Рускиот претседател, Владимир Путин, потпиша нов декрет со кој се бара од платеничките групи, вклучително и Вагнер, да се заколнат на верност на руската држава.

Претседателската извршна наредба која стапи на сила вчера ги опфаќа платениците, доброволците и сите кои се вклучени во „специјална воена операција“.

Воведувањето задолжителна заклетва за борците на Вагнер и другите паравоени сили е потег кој има цел таквите групи да се стават под построга државна контрола, пишува Ројтерс.

Декретот, објавен на сајтот на Кремљ, пропишува дека секој кој работи во име на војската или ја поддржува „специјалната воена операција“ во Украина е обврзан да положи официјална заклетва на верност на Русија.

Се наведува дека тоа е чекор кон „создавање духовни и морални основи за одбрана на Русија“.

Понатаму се наведува дека оние кои ќе ја положат заклетвата ветуваат дека стриктно ќе ги следат наредбите на командантите и повисоките лидери.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот