Градска болница „Св. Климент Охридски“ - Скопје

Пуштена во употреба медицинска опрема на Клиниката „Св. Наум Охридски“, донација од Светска банка

На Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ денеска беше пуштена во употреба опрема, обезбедена со поддршка од Светска банка, во вредност од 1,1 милион евра.

Министерот за здравство Беким Сали изрази надеж дека опремата ќе служи многу долг период.

Денеска пуштаме во употреба еден компјутерски томограф, два мобилни рендген апарати и третиот дигитален рендген апарат кој е веќе на монтажа и во завршна фаза. Најпрвин на вработените на клиниката им посакувам здравје и успешна работа со новата апаратура која ќе овозможува рана дијагностика и навремена дијагностика. А на пациентите пред сè им посакувам здравје, а по потреба да се обратат на оваа фреквентна болница. Се работи за најмодерна софистицирана дигитална апаратура која во државата се надевам во следните години ќе нè служи без никаков проблем, изјави Сали.

Изјава на министерот Беким Сали/Фото: МИА

Информира дека со оваа донација се опфатени 14 јавни здравствени установи.

Се работи за пет клиники и три клинички болници во државата тоа се Тетово, Штип и Битола и неколку општи болници во државата и една специјализирана болница, тоа е болницата за кардиоваскуларни интервенции во Охрид, рече Сали.

Директорот на клиниката д-р Љубен Арсенков изрази благодарност за донацијата и оцени дека оваа опрема ќе биде од извонредно значење за поефикасен и посоодветен третман на пациентите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот