Фото: LInkedin / Connor Sturgeon

Пукачот од Кентаки го избркале од работа во банката, крвавиот напад го пуштил во живо на Инстаграм

23-годишниот напаѓач кој денеска уби четворица луѓе во банка во градот Луивил, во државата Кентаки, според „Си-ен-ен“, бил поранешен вработен во банката, кој по една година бил отпуштен. Полицијата откри дека Конор Старџен го пренесувал крвавиот напад во живо преку Инстаграм.

Вкупно 13 луѓе биле мета на нападот, а деветмина – двајца полицајци и седуммина цивили, се ранети и пренесени во болница. Тројца од нив се во критична состојба, а меѓу нив е и полицаец на кој Старџен му пукал во главата.

Полицијата го застрелала и го убила напаѓачот на местото на нападот.

Гувернерот на Кентаки, Енди Бешеар, изјави дека еден од убиените во масовното пукање е негов близок пријател и нареди до петок оваа недела сите знамиња низ Кентаки да се веат на половина копје.

ВИДЕО: Пукање во Кентаки, убиени се четворица луѓе, полицијата го застрела напаѓачот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот