Фото: CNN

ВИДЕО: Пукање во Кентаки, убиени се четворица луѓе, полицијата го застрела напаѓачот

Нов инцидент со пукање во САД – овој пат во сојузната држава Кентаки, каде петмина луѓе се убиени во пукање во зграда на Стара народна банка во центарот на Луисвил. Осомничениот напаѓач е мртов. По пукотницата шестмина биле донесени во болница објави Асошиетед прес.

Полициската управа претходно преку Твитер објави дека пукачот е во зградата и им порача на луѓето да ја избегнуваат областа.

На полицискиот број 911 пристигнале панични повици за „активен пукач“ во 8:30 часот по локално време. Очевидците го опишале осомничениот како „осамен стрелец“

На телевизиските снимки се забележани бројни полициски возила, а новинари сведочеле како амбулантни комбиња превезуваат ранети луѓе од местото на крвавиот инцидент.

На Твитер, гувернерот на Кентаки рече дека се упатува кој банката.

„Молете се за сите погодени семејства и за градот Луисвил“, рече Бешеар.

ФБИ соопшти дека и нивните агенти реагирале на пукањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот