Психолог предупредува: Два знака покажуваат дека нешто не е во ред со детето

Фото: Пиксабеј

Детскиот психолог Сем Вас сподели со британски „Мирор“ два предупредувачки знака кои на суптилен начин можат да им откријат на родителите дека нешто не е во ред со нивното дете.

Како што објаснил, секое дете е различно и се справува со емоциите на свој начин, поради што понекогаш може да биде тешко да се забележат проблемите.

„Иако секое дете е специфично, ние психолозите сме склони да категоризираме дека со детето нешто не е во ред на два различни начини. Првото е нешто што во професијата го нарекуваме екстернализирачко однесување и се појавува кога детето се чувствува лошо и потоа тоа го изразува со одредена агресивност. Така детето најчесто ќе го удира својот брат или сестра, ќе крши работи и слично“, објаснува Вас.

Тој додава дека постои уште еден, сосема поинаков знак дека нешто не е во ред со нашето дете. Станува збор за таканареченото интернализирачко однесување, за кое е специфично прикривање и задржување на чувствата во себе.

„Интернализацијата е сосема спротивна шема. Таквото дете нема да покаже дека има проблеми, туку истите тие проблеми ќе ги таложи во себе“, предупредува психологот кој тврди дека родителите најлесно ќе го препознаат ова однесување ако нивното дете одеднаш почне да избегнува разговар со нив, повлекувајќи се во себе или јаде помалку.“

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот