Психијатриски наод го пролонгира судењето на поранешниот генерален секретар на Владата Зекири

мухамед зекири
Мухамед Зекири

По добиеното вештачење на вештак-психијатар, Основниот кривичен суд Скопје реши продолженито на главната расправа за случајот со поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зекири да го одржи на 13. март, доколку не биде побарано ново одложување.

– Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат главната расправа за предметот со КОК бр. 193/22 против обвинетиот М.З., насрочена за 21-ви февруари, ја информираме јавноста дека расправата се отповикува со оглед да е добиено вештачење изработено по наредба на судот од вештак – психијатар, според кое, обвинетиот заради здравствени пречки не е во можност да го следи следното судење. Главната расправа ќе продолжи на следниот насрочен термин на 13.03.2023 година 10:00, а за евентуално ново одлагање на расправата јавноста и странките ќе бидат благовремено известени – соопштија од Основниот кривичен суд.

Судењето на Зекири, кој е обвинет за злоупотреба на службена положба и овластување при спроведувањето на јавни набавки заради стекнување противправна имотна корист од значителна вредност, веќе неколку пати беше одложувано поради здравствени причини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот