Псаки: Бајден нема да ја ублажува реториката кон Русија

epa09036231 White House Press Secretary Jen Psaki holds a press briefing at the White House in Washington, DC, USA, 25 February 2021. EPA-EFE/Yuri Gripas / POOL

Американскиот претседател Џо Бајден нема да ја ублажи својата реторика кон Русија, изјави денеска портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.

– Ние нема да седиме, да трпиме и да го вртиме погледот на страна, кога руските власти ќе се мешаат во нашите избори, кога ќе одредуваат награди за главите на нашите војници, ние се справуваме со тоа кога тој ќе преземе штетни активности против нашата земја. Значи, претседателот ќе биде директен. Тој ќе преземе чекори кога е потребно. И тој нема да ги ублажи своите зборови или да се воздржи кога е потребно да се каже такво нешто, рече Псаки во интервју за телевизијата МНСНБС.

„Таква е дипломатијата”, додаде таа, „изразуваш загриженост таму каде што има причини за тоа и бараш можности за соработка, а со Русија има простор за соработка во областа на неширење на нуклеарното оружје”.

Според проценката на Псаки, рускиот претседател е поотпорен на навреди отколку што би признале неговите соработници.

– Насетувам дека претседателот Путин има подебела кожа отколку што би признале неговите соработници, го изрази своето мислење Псаки само еден ден по скандалозната изјава на Бајден против рускиот претседател.

Коментирајќи ги забелешките на Путин за ропството и расизмот во САД, Псаки призна дека Америка има за што да размислува во таа област.

– Ние во САД можеме да се справиме со саморефлексијата и да признаеме дека треба да сториме многу повеќе за да се спротивставиме на расната неправда и да станеме подобра земја. Ние работиме на тоа, претседателот е посветен на тоа, изјави портпаролката на Белата куќа.

Американскиот претседател во интервју за „Еј-Би-Си“ во средата кажа дека руското раководство ќе мора да ја „плати цената” во врска со обидите за мешање во изборите во САД, кои и се припишуваат на Москва. Покрај тоа, шефот на Белата куќа потврдно одговори на прашањето дали го смета Путин за „убиец”.

Рускиот лидер Владимир Путин во првата реакција на својот американски колега му посака „добро здравје”, а потоа го покани на јавна дебата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот