Прво загуби од Ѓоковиќ, па потоа го поддржа неговиот револуционерен предлог

epa09015706 Alexander Zverev of Germany in action during his Men's Quarter finals singles match against Novak Djokovic of Serbia on Day 9 of the Australian Open at Melbourne Park in Melbourne, Australia, 16 February 2021. EPA-EFE/DAVE HUNT AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во полуфиналето на Австралија Опен по победата над Александер Зверев, а по мечот германскиот тенисер иако разочаран од поразот, го пофали својот противник но не само поради прикажаната игра.

Имено, Ѓоковиќ на прес конференцијата изнесе револуционерен предлог, поради пандемијата на коронавирусот, АТП мора да направи промени и да ги намали патувањата со тоа што ќе донесе одлука на едно место да се играат неколку турнири по ред.

Тој преглог му се допадна и на Зверев кој смета дека така би се избегнал задолжителниот карантин во речиси сите земји во кои се одржуваат тениски турнири.
Што се однесува до турнирите, се согласувам со Новак. Не можеме да имаме сезона во која мора толку многу да се патува. Повредите ќе продолжат да не „прогонуваат“, но постојат ограничувања во земјите во однос на тоа какви пасоши имате и можеби во некоја држава нема да смеете да влезете. Знам дека играчите од Јужна Америка ќе имаат големи проблеми и не смееме да си дозволиме да имаме таква сезона. Мислам дека АТП треба да размисли да имаме некое место како тука во Мелбурн каде би играле неолку недели. Би се одиграле неколку турнири по ред бидејќи во Европа и така е забрането да има навивачи на трибините. Тогаш каква е разликата каде би играле некој турнир. Може да се промени позадината, да се промени името на градот кое ќе биде напишано на теренот и да играме на едно место. Се согласувам со Новак за ова прашање и веќе зборував со него на оваа тема – изјави Зверев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот