Првите патници од крузерот Гранд Принцес пристигнаа во Тексас: Сместени се во карантин во воена база (ВИДЕО)

ФОТО: Epa

Американскиот центар за контрола и превенција на заразни болести, соопшти дека во таа база во карантин ќе бидат 380 патници.

Првиот авион со патници од крузерот Гранд Принцес, на кој има најмалку 21 лице заразено од коронавирус, слета во Тексас, каде тие ќе бидат сместени во карантин.

Патниците од крузерот се префрлени во воената база Сан Антонио – Лакланд.

Американскиот центар за контрола и превенција на заразни болести, соопшти дека во таа база во карантин ќе бидат 380 патници.

Бродот со околу 3.500 патници и членови на посадата, од кои најмалку 21 е позитивен на коронавирус, меѓу кои и еден државјанин на Србија, во понеделникот пристигна во Оукленд во Калифорнија.

Властите соопштија дека странците со авиони ќе бидат вратени во своите земји, додека Американците ќе бидат сместени во базите во Тексас, Калифорнија и Џорџија.
Во базата Лакланд претходно беа сместени повеќе од 230 лица евакуирани од Вухан и од крузерот Дајмонд Принцес.
Повеќето од нив излегоа од карантин, но 11 од нив кои се позитивни на коронавирус се изолирани.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот