Првата жена од Саудиска Арабија во вселената: Едно место во ракетата чини 55 милиони долари

Фото: Принтскрин/ Твитер

Ракетата на американската вселенска компанија „Спејс Икс“ полета кон „Меѓународната вселенска станица“ (ISS), веднаш штом се создале поволни временски услови за полетување.

Имено, ова е втор комерцијален лет кој е организиран од компанијата од Хјустон. Екипажот ќе помине нешто повеќе од една недела во станицата.


Компанијата не прецизирала колку чинат билетите, но медиумите претходно објавија дека цената на летот за едно лице е 55 милиони долари.

Меѓу патниците по многу децении, се првите астронаути од Саудиска Арабија, како и бизнисменот Џон Шофнер од Тенеси. Тимот е предводен од пензиониран астронаут на НАСА, кој сега е вработен во „Спејс Икс“ и го организирал ова десетдневно патување.

На оваа вселенска мисија, меѓу екипажот е и Рајана Барнави, научник за матични клетки, која всушност е првата жена од Саудиска Арабија во вселената. Таа е придружувана од борбениот пилот на саудиските воздухопловни сили, Али ал Карни.
Во екипажот е и Пеги Витсон, која го држи американскиот рекорд од 665 дена поминати во вселената.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот