Првата кралска должност на принцот Арчи: Сите во просторијата се смееја! (ФОТО)

профимедиа

Третиот ден од службената посета на Јужна Африка, Принцот Хари и Меган Маркл, својот петмесечен син Арчи го однесоа кај надбискупот Тутуа.

профимедиа

Ова е првата кралска обврска на малиот Арчи кој цело време беше во рацете на неговата мајка, додека принцот Хари го галеше по нозете.

профимедиа

Меган изгледаше елегантно во Клуб Монако фустан и црни салонки. Парот целата посета ја објави на Инстаграм, прикажувајќи го Арчи пред сите.

профимедиа

Во текот на состанокот со надбискупот, парот со насмевка наведе дека Арчи сака „постојано да стои“, додека ќерката на надбискупот, која присуствуваше на посетата додаде: „Мислам дека тој повеќе сака дами“. Таа изјава го насмеа кралскиот пар.

профимедиа

Меган кажа дека нејзиниот син Арчи има „стара душа“.

профимедиа

„Мислам дека точно знае што се случува“, гордо додаде Хари.

профимедиа

Инаку, принцот Хари надбискупот Тутуа го запозна уште во 2015 година, а неговите цитати кралскиот пар често ги објавува на својот Инстаграм профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот