Прва жртва на коронавирусот во Република Српска

Во Бања Лука денес починала постара жена која е првата жртва на коронавирусот во Република Српска, а шеста во Босна и Херцеговина.

– Ја имаме првата жртва од коронавирусот во Република Српска. Тоа е постара госпоѓа која вчера е примена на Клиниката за инфективни болести и кај која е потврден коронавирусот – рече министерот за здравство на РС Ален Шераниќ, а пренесе РТРС.

Примена е со тешка клиничка слика и со развиено воспаление на белите дробови. Била болна и од низа на хронични болести, соопшти Шераниќ.

Жената била во контакт со личност која е позитивна на коронвирус.

Моментално на клиниката во Бања Лука од 28 пациенти, 25 се со средно-тешка клиничка слика, а три пациенти се на респиратор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот