Прва лига: Пелистер сигурен против ФМП, Давитков со пораз дебитираше на клупата на Струмица

Кошаркарите на Пелистер славеа победа против Академија ФМП со 81:67 со што се вратија на второто место, додека Феникс славеше над Струмица (85:71) каде што на клупата на струмичани дебитираше поранешниот македонски селектор Јорданчо Давитков.
Пелистер од почетокот на натпреварот беше во водство, по првата четврина беше 22:18, а до паузата битолскиот тим водеше со 38:28. Се обидуваше ФМП да направи нешто во продолжение, но не успеа сериозно да се закани, па Пелистер славеше победа со 81:67.
Најефикасен кај „пелистерци“ беше Карпентер со 16 поени, Меквен на спротивната страна постигна 20.
Јорданчо Давитков дебитираше со пораз на клупата на Струмица која немаше сили за изненадување против Феникс. Победата беше најавена уште во првиот период по кој фаворитот стигна до 30:11 и до крајот на средбата ја задржа предноста.
Одличен натпревар со 30 постигнати поени одигра Бојан Трајковски, за Струмица Крстајиќ постигна 16.