Прва лига: Нафиу за радост на Шкендија, Брегалница сигурна против Борец

шкендија нафиу
Валмир Нафиу ја донесе победата за ФК Шкендија/Фото: facebook.com/fcshkendija

Се одиграа денеска четири натпревари од 23 коло во Првата македонска фудбалска лига, составот на Брегалница дома со 3:0 беше подобра од Борец.

За штипјани по еднаш во листата на стрелците се запишаа Георгиев во петтата, Дамњановиќ во 63 и Миленковски во 91 минута од средбата.

Шкендија минимално (2:1) славеше над Тиквеш, Дориев во 21 минута донесе предност за тетовските „црвено-црни“, намалија составот од Кавадарци во 75 минута преку Вареловски, а конечниот епилог го постави Нафиу (90+1`).

Македонија ЃП изненадувачки само ремизираше 1:1 со Скопје, гостите рано уште во третата минута поведиа со голот на Хајдари, а за „лавовите“ од Ѓорче Петров бод донесе Воша (16`).

Академија Пандев со 1:0 ја совлада екипата на Струга Трим Лум, единствениот погодок на мечот беше дело на Шаркоски во 12 минута.

Табела: Шкупи 55 бодови, Академија Пандев 45, Шкендија 44, Македонија ЃП 40, Брегалница Штип 36, Ренова 32, Работнички 31, Струга Трим Лум 30, Скопје 22, Тиквеш 21, Борец 13, Пелистер 6.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот