Прва лига: Кошаркарите на Феникс 2010 ја вратија серијата во Битола

фото: kfsm.mk

Иако со ултра кратка ротација, без својот најдобар играч, играчите на Феникс 2010 во СЦ „Јане Сандански“ го изненадија Пелистер, славеа победа (83:81) за 1-1 во четвртфиналната плеј-оф серија во Првата македонска кошаркарска лига. Екипите на Пелистер и Феникс 2010 ќе одиграат „мајсторка“ во која ќе одлучат која од нив ќе игра во полуфиналето на плеј-офот.

Првото полувреме кое ослабениот Феникс 2010 го доби со 43:40 го одбележија одличниот процент на реализација за три поени на домашната екипа, и „враќањето“ на Андреј Маслинко во составот на Пелистер. Домаќините погодија дури осум тројки од 16 обиди. И ако тоа се очекуваше од Димчевски (постигна три тројки), во тоа сосема добро шутерско издание се приклучија уште и Петков и Темелковски (дадоа по две), и искусниот Јанески со уште една.

Добриот шут го држеше домаќинот, кој не можеше да смета на Трајковски. Но, на другата страна, иако почна од клупата за резерви, Маслинко стигна до 18 поени, со шут од игра од 70% (7/10). Домаќините го одржуваа тоа водство и во продолжението на играта. На средината од третиот период, со „два плус еден игра“, Јанески постави 59:55 на семафорот, кои на највисоки ги зголеми Хот (61:55). До крајот на третата четвртина „пелистерци“ се вратија, и поведоа, а по исклучувањето на Димчевски (доби две технички грешки) имаа и плус од три поени (68:65). Но, Петкоски не даде разликата да биде и поголема, положи за 67:68.

Во ист стил кошаркарите на Феникс 2010 продолжија и во последниот период. На нешто помалку од четири минути до крајот, поведоа со 80:74. Останаа да се одиграат доста секунди на овој интересен меч, по серија на грешки и нереализирани обиди, Петков погоди едно слободно фрлање за 83:81. Се оставија и полни 24 секунди за последен напад. Имаа две шанси за победа „зелените“ од Битола, прво не погоди (за три) Стајиќ, а некоја секунда потоа, одбиената топка во „тројка“ не ја претвори ниту Карпентер.

Кај стрелците во редовите на Феникс 2010 „дабл-дабл“ учинок имаше А. Хот со 20 поени и 10 скока, а за битолската екипа најефикасен беше Б. Стајиќ со 24 поени (осум асистенции).

Прва лига: ТФТ обезбеди „мајсторка“ против Еуро Никел 2005

Прва лига: ТФТ обезбеди „мајсторка“ против Еуро Никел 2005

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот