ВИДЕО: Минесота е првиот полуфиналист на Западот во НБА плеј-офот

фото: EPA-EFE/ADAM DAVIS

Кошаркарите на Минесота со 4:0 го елиминираше Феникс за пласман во полуфиналето на Западот во НБА плеј-офот. Во четвртиот натпревар составот на Тимбервулфс славеше со 122:116 на гости против Санси.

Во победничките редови Ентони Едвардс постигна 40 поени, следен од Карл-Ентони Таунс кој запиша 28.

На спротивната страна Девин Букер постигна 49 поени, погоди 20 од 21 слободно фрлање, додека Кевин Дурент додаде 33 поени.

Во полуфиналната фаза Минесота го чека победникот од дуелот меѓу Денвер и Лос Анџелес лејкерс во кој моментно Нагетси имаат предност од 3:1.

Со дури 22 тројки од 43 обиди, Индијана го совлада Милвоки со 126:113 и поведе во серијата на Истокот со 3:1. Без Јанис Антетокунмпо, Бакси се држеа во текот на првото полувреме, но попуштија во третата четвртина и сега се на работ на елиминација.

За Пејсерси доминираше Мајлс Тарнер кој реализираше 29 поени, дури седум тројки од девет обиди, заедно со девет скокови, четири асистенции и три блокади. Кај Милвоки се истакна Брук Лопез со 27 поени и девет скокови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот